Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Ивановска: Немаме никакви законски измени и по една година од трагедијата во Кочани

/

пред 206 дена

Сподели преку :

Една година по трагедијата во кочанската дискотека „Пулс“, поранешната претседателка на ДКСК, Биљана Ивановска, оценува дека суштински промени во системот – нема.

Во дебатата на „Топ Тема“ на Телма, Ивановска потсети на низа трагедии во кои, како што рече, државата изгубила вкупно 138 животи.

„Кај нас треба да се случи нешто страшно за да почнеме да зборуваме како функционира системот. Ако се вратиме наназад, со „Дурмо Турс“ изгубивме 16 животи, со „Беса Транс“ 45 лица, со тетовската болница 14 лица, со Кочани 63. Со вакви трагедии изгубивме 138 животи, но и многу повредени“, изјави Ивановска.

Според неа, и покрај алармите, системот не покажува реално „будење“.

„Не знам колку е разбуден, јас не го чувствувам. За да воспоставите систем како што треба, мора да имате соодветна законска рамка“, нагласи таа.

Ивановска посочи дека ДКСК уште пред 11 месеци доставила антикорупциска проверка на пет закони поврзани со оваа област, но до денес нема конкретни измени.

„Тука се законот за угостителска дејност, законот за локална самоуправа, законот за инспекциски надзор и други. Досега немаме никакви законски измени. Значи, една година ви е точно посочено што треба да промените, а ништо не е направено“, рече Ивановска.

Таа предупреди дека постојната законска рамка и натаму остава простор за злоупотреби.

„Останува истата рамка која овозможува физичко лице само да се пријави дека ги исполнува минимално техничките услови за да отвори локал и да добие лиценца, без јасно утврдено која институција треба да ги врши контролите и да ги проверува условите. Ништо од тоа не е спроведено“, додаде Ивановска.

Нејзините оценки доаѓаат во контекст на дебатата дали по трагедијата во Кочани навистина се направени системски реформи или проблемите и натаму остануваат нерешени.

Т.Д.