Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Ивановска: Отворен е предмет за директорот на финансиската полиција поврзан со случајот Трансмет, но и уште еден предмет со актуелната позиција

/

пред 1609 дена

Сподели преку :

Претседателката на Државната Комисија за Спречување на Корупција, Билјана Ивановска, во гостување во емисијата Топ тема на Телма, рече дека против директорот на финансиската полиција, Арафат Муареми отворен е предмет од времето кога бил истражител во Специјалното јавно обвинителство поврзан со случајот „Трансмет“.

„Има повеќе пријави за директорот на финансиската полиција. Во време кога се работел предметот „Трансмет“ тој бил истражител. Но, има стигнато и други пријави од анонимни граѓани кои се однесуваат за неговото сегашно работење“, рече Ивановка.

Првата антикорупционерка не сакаше да открие за што станува збор, и рече дека штом завршат предметите, тие ќе ја информираат јавноста на јавна седница.