Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Ивановски: Буџетот е повеќе социјална категорија, тоа го покажува 30-годишната пракса во нашата земја

/

пред 342 дена

Сподели преку :

Триесетгодишната пракса во нашата земја покажува дека буџетот е повеќе социјална категорија, истакна универзитетскиот професор, Зоран Ивановски, во вечерапната дебата во „Вин-Вин“ на ТВ Телма.

„Растот на платите кој се случува, а не е придружен со растот на продуктивноста, е главниот генератор на инфлацијата. Тоа е школски дефиниција за инфлација, ако повеќе растат платите одошто расте продуктивноста“, рече Ивановски.

Според него, инфлацијата кај нас не е под контрола и реална претпоставка е дека таа може да се движи околу 4 проценти во наредната година.

„Вака димензионираната развојна стратегија на база на личната и на јавната потрошувачка, во услови на главната макроекономска монетарна стратегија за фиксирање на девизниот курс на денарот, дефинитивно креира ризици на страна на инфлацијата“, додаде Ивановски.

С.Д.