Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Во Радовиш се покажувале гласачки ливчиња, додека во Охрид истите се сликале

/

пред 893 дена

Сподели преку :

На денешното гласање за претседател се случило прекршување на Кривичниот законик во неколку наврати.

Навидум Охриѓанец при исполнување на неговата граѓанска должност го фотографирал своето пополнето гласачко ливче на избирачкото место 1271, известуваат од СВР Охрид.

Додека ОЈО Радовиш извести и за настанот во селото Бучим. Наводно на место на гласање, при пуштање на гласачко ливче во кутија од страна на гласач, истиот го покажал на набљудувачот кој бил од одредена политичка партија.

Дадени се соодветни насоки за проверување, но и дали постојат елементи на кривично дело поврзани со член 160 од Кривичниот законик – Повреда на слободата на определување на избирачите.