Мандаторката за новата бугарска влада Марија Габриел најави дека утре ќе поднесе писмо за да се повлече од кандидатурата за премиерската функција. Таа нагласи дека ГЕРБ нема да учествува во преговорите за втор мандат.
– Имаме заеднички точки, но веројатно ќе се вратиме на нив по изборите. Останувам вицепремиер и министер за надворешни работи – рече таа, додавајќи дека се надева дека ова се моменти за размислување за иднината на земјата, за повеќе понизност и одговорност.
На брифинг во својата ГЕРБ, кандидатката за премиер на Бугарија уште рече дека направивиле многу отстапки и дека еден од проблемите во преговорите со коалицискиот партнер партијата „Продолжуваме промената“ е личноста предложена за министер за внатрешни работи.











