Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Изборот на директорката на Академијата, оспорен пред Управен суд

/

пред 688 дена

Сподели преку :

Судијата Ненад Савески поднел тужба пред Управниот суд , со која бара поништување на одлуката за именување на директор на Академијата за судии и јавни обвинители. За директорка на Академијата беше избрана Ирена Трајкоска Стрезоски со шест гласа од членовите на Управниот одбор  а Савески доби еден глас помалку.

Адвокатот на Савески за Телма вели дека со тужбата не навлегуваат во тоа зошто е избрана Трајкоска Стрезоски, односно во нејзината професионалност, туку во начинот на кој е спроведен изборот со тајно гласање, нетранспарентно, спротивно на законот и статутот на Академијата и спротивно на Законот за општа управна постапка. Со тужбата предлага и времена мерка додека не заврши постапка пред Управниот суд.