Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Избрани над 30 нови претседатели на ОК на ВМРО-ДПМНЕ

/

пред 117 дена

Сподели преку :

На денешната седница на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ беа донесени кадровски решенија за претседатели на општинските комитети. Дел од назначените претседатели според партија се докажани искусни кадри кои со своето работење имаат придонесено за развој на локалната заедница од каде потекнуваат, а дел од нив се нови лица кои ќе донесат свежина во средината и нови успеси за општинските комитети.

Во Изборната единица 4, за претседател на Општинскиот комитет во Росоман е избран Ѓорѓи Крстевски, во Демир Капија Андон Дрнев, во Неготино Павлинче Честојнова, а во Кавадарци Тони Нешковски. Во Гевгелија функцијата ќе ја извршува Димитар Вегов, во Валандово Јулија Тушевска, во Богданци Марјан Пеев, а во Дојран Илија Тентов.

За претседател на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица е избран Методија Пасков, во Босилово Мито Андонов, во Ново Село Петар Марков, во Василево Славе Андонов, во Конче Ацо Митев, во Радовиш Бојан Митевски, во Могила Драганчо Саботковски и во Кривогаштани Александар Богданоски.

Во Изборната единица 5, за претседател на Општинскиот комитет во Демир Хисар е избран Ненад Шундовски, во Долнени Сашко Велјановски, во Крушево Пеце Стојчески, во Ресен Кире Божиновски, а во Охрид Сашо Донев. Во Дебарца за претседател е избран Златко Силјановски, во Струга Ален Деребан, во Вевчани Ѓорѓи Влајнкиноски, во Дебар Афет Амедоски, во Центар Жупа Денис Хасан, во Маврово и Ростуше Мевмед Џафери, во Пласница Луме Адемоглу, а во Боговиње Алишериф Синани.