Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Изгаснат пожарот кај „Комуна“, нема повредени

/

пред 1597 дена

Сподели преку :

Во магацински простор кај старата скопска фабрика „Комуна“ избувна пожар, а дојавата во скопската Бригада за противпожарна заштита е примена во 4.55 минути. Командирот на скопската Бригада за противпожарна заштита, Звонко Томески изјави дека за кратко време пожарот е ставен под контрола, целосно е изгаснат и не е дозволено да се прошири во останатите објекти во кругот на фабриката.

Нема повредени, но е причинета материјална штета.

Томески информира дека по дојавата веднаш се упатени девет противпожарни возила со 20 пожарникари, а станувало збор за магацински  протстор во кој била складарна пластика за понатамошна рециклажа.

– Карактеристично е што во кругот на фабриката и во објектите немаше функционална хидрантска мрежа, потенцираше  командирот на скопската Бригада за противпожарна заштита, Звонко Томески.