Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Излезните анкети најавуваат тесна трка во Словенија: Голоб со минимална предност пред Јанша

/

пред 199 дена

Сподели преку :

По затворањето на избирачките места во Словенија беа објавени резултатите од излезните анкети што за POP TV и RTV Словенија ги спроведе агенцијата Медиана.

Според нив, во мала предност е „Движење за Слобода“ на премиерот Роберт Голоб. Според овие податоци, неговата партија освоила 29,9 отсто од гласовите, додека Словенечката демократска партија, на популистичкиот десничар, Јанез Јанша освоила 27,5 отсто од гласовите.

Изборниот праг го минуваат и сојузот на НСИ, Словенечката народна партија и Фокус со освоени 9,4 отсто, Социјалдемократите со 6,7 отсто, Левица во соработка со Весна со 6,3 отсто, Демократите на Анже Логар со 5,9 отсто, и Ресница со совоени 5,2 отсто од гласовите

Ројтерс, пред објавувањето на првите резултати, предупреди дека станува збор за многу тесни парламентарни избори во кои ниту една од водечките партии најверојатно нема сама да може да формира мнозинство во парламентот со 90 пратеници.

Тоа значи дека овие мали партии најверојатно ќе имаат клучна улога во формирањето на новата влада.

Излезните анкети, често нарекувани и „exit polls “, се спроведуваат на самиот ден на изборите, така што анкетарите ги испрашуваат гласачите веднаш по гласањето пред избирачките места.

Таквите анкети обично даваат прв релативно сигурен увид во исходот на изборите пред објавувањето на официјалните резултати, но можни се и отстапувања бидејќи дел од гласачите одбиваат да учествуваат или не го пополнуваат прашалникот.

Ова е важно и во овој случај бидејќи трката меѓу Голоб и Јанша е многу тесна.

Голоб е актуелен словенечки премиер и лидер на либералното движење „Движење за слобода“ , додека Јанша е лидер на десничарската СДС и поранешен премиер.