Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Излезните анкети навестуваат победа на „Самоопределување“ на Курти на предвремените избори во Косово

/

пред 118 дена

Сподели преку :

Според првичните излезни анкети од предвремените парламентарни избори во Косово, најмногу гласови од граѓаните добило движењето „Самоопределување“ предводено од актуелниот премиер, Албин Курти.

Според овие проекции кои се добиваат со анкетирање на гласачите веднаш по излегувањето од гласачките места, за „Самоопределување“ гласале околу 42,3 проценти од граѓаните кои го искористиле правото на глас, пред Демократската партија на Косово со освоени 21,6 % од гласовите и Демократскиот сојуз на Косово со околу 17,3 проценти.

Во очекување на официјалните резултати, ова е добра вест за Курти, но засега останува нејасно дали „Самоопределување“ ќе освои стабилно мнозинство за да се стави крај на долготрајната политичка криза во Косово.

Третите избори за година и половина беа закажани откако најголемите политички партии не успеаја да се договорат кој ќе ја преземе претседателската функција, по заминувањето на Вхоска Османи.

Инаку на денешните избори, според централната изборна комисија гласале едвај 36,33 проценти од вкупниот број запишани гласачи, што е за цели 7,65 процентни поени помала излезеност од изборите во декември минатата година.