Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Изложба на Мила Добревска во Националната галерија

/

пред 658 дена

Сподели преку :

„Ескапизам: меморијата и идентитетот“ е насловена самостојната изложба на Мила Добревска која вечерва беше отворена во Националната галерија во објектот „Мала станица“.

Изложбата на Добревска го истражува човековиот копнеж за ослободување преку живи, емоционално наполнети дела инспирирани од македонското наследство и модерната интроспекција, мост меѓу минатото и сегашноста.

Како традициите, кои некогаш биле прибежиште, стануваат дел од нашиот модерен идентитет? Што значат обредите и уметноста во контекст на современите човечки „занеси“ се само дел од аспектите кои се загатнати во оваа изложба ќе забележи кураторот Стефан Александар Јовановски.