Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Измамена 86-годишна жена од Виница за 30.000 евра

/

пред 252 дена

Сподели преку :

Осумдесет и шестгодишна жена од Виница пријавила во ОВР Виница дека била измамена за 30.000 евра, откако непознато лице телефонски ја контактирало и се претставило како лекар од Словенија.

Како што било наведено во пријавата, измамникот ѝ соопштил дека нејзината ќерка, која работела во Словенија, наводно се здобила со тешки повреди и дека итно се потребни пари за операција.

Жената ги подигнала парите од банка и, согласно добиените инструкции, ги предала во дворот од семејната куќа на лице кое било пратено да ги земе.

Подоцна, откако стапила во контакт со ќерката, сфатила дека станува збор за измама.

Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расветлување на случајот.

Министерството за внатрешни работи редупредуваат дека вакви телефонски измами, насочени главно кон повозрасни лица, се зачестени во изминатиот период.

Според достапните податоци, во првата половина на 2025 година биле пријавени 16 вакви случаи, а во последните неколку години се евидентирани десетици измами со значителна материјална штета.