Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Измамниците користат се пософистицирани методи, а полицијата апелира за крајна претпазливост

/

пред 441 дена

Сподели преку :

Сашко Дамевски е 33 годишник од Тетово, кој ја споделува својата непријатна приказна кога од невнимателност на интернет наместо да купи облека, останал без неколку илјади денари.

Не забележал дека кликнал на лажна интернет страница која користела изменет назив на позната онлајн продавница. Тоа му се случило иако неколку пати досега купувал на повеќе различни страници за продажба преку интернет.

Во една прилика видов една страница и платив, се надевам дека ќе ми дојде голем пакет, но изгубив 4000 денари. Затоа апелирам народот да пази каде купува, на кои страни купува, да се разгледуваат тие страни пред да купуваат. Многу лажни страни има и го замолувам многу народот да внимава, вели дамевски.

Имамниците наоѓаат разни начини да земат пари. Додека на помладите им се случува да ги измамат на интернет, повозрасните лица се чести жртви на разни лажни телефонски повици или купопродажни договори, финансиски совети за заработка и слично.

Телефонски им се јавуваат и бараат поголема количина на пари, а поради тоа што наводно нивен близок или роднина направил сообраќајна незгода и за да им помогнат да не бидат осудени, треба да доплатат одредена сума на пари. Последните 2 случаи поминаа без да бидат оштетени лицата. Меѓутоа, има и случаи кога биле исплатени тие пари и луѓето останаа измамени, рече портпаролот на свр тетово, фатмир реџепи.

Измамниците како да не се плашат од казните кои според Кривичниот законик во зависност од вредноста на штетата што била причинета, можат да бидат и одење во затвор во период од три месеци па се до десет години.

Од 1 јануари до 30 јуни годинава, тетовската полиција има евидентирано 25 пријавени случаи на измами во Тетовско и Гостиварско. До надлежен суд поднесени се вкупно 32 кривични пријави од кои против 28 познати и 4 непознати сторители за сторени кривичните дела „измама“ и ,,компјутерска измама“ .

Александар Самарџиев