Измените на Кривичниот Законик по празниците ќе бидат под лупа на пратениците. Оваа точка е на дневен ред на првата закажана седница од новата година на 12-ти јануари.
Измените предложени од група пратеници од ВМРО ДПМНЕ го фати последниот рок Уставен да пресече за спорните измени на КЗ од 2023. Претходно собранието не го испочитува 6 месечниот рок што уставен му го даде а потоа Уставен им даде уште една шанса до крајот на годината
Пратениците велат дека ова е преодно решение до новиот КЗ со цел да се усогласат со Уставен но и да се отстранат идни евентуални штетните последици спорните измени на Кривичниот законик во септември 2023 година. Користеле и компаративна анализа подготвена во Собранието.
Но оние што ги применуваат законите предупредија дека не се во насока на борбата со корупцијата. Посочија дека има правни празнини опасност од декриминализација на одредени кривично однесувања кај злоупотребите и несовесното работење, а тоа би резултирало со запирање на истраги и судења.
Невладините кои следат правосудство измените побараа на Кривичниот законик да се ограничат исклучиво на враќање на решенијата кои важеа пред 2023 година. Една од причините е тоа што во споредба со старите одредби за злоупотреба при јавните набавки максималните казни се двојно намалени од 20 на 10 години затвор а со тоа се скусуваат роковите за застарување. Предупредија и дека се стеснува поимот „корист“ само на имотна корист со што се создава ризик од неказнивост за сериозни облици на корупција. Бараат јавна и стручна расправа.
Елена Ивановска Мукоска
Б.С.











