Според Националната метеоролошка служба на САД, во Лас Вегас вчера попладне се измерени рекордни 48.8 степени Целзиусови.
Таа цифра е од мерна станица на меѓународниот аеродром Хари Рид од околу 17 часот по локално време. Со тоа е „соборен“ рекордот од 47,2 степена.
Официјалните лица наведуваат дека досега во тој американски град биле измерени високи теператури во 2021, 2017, 2013, 2005 и 1942 година.











