Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Израел даде рок од шест часа за безбедно преминување на југот на Газа – Рафа преминот отворен само за американски државјани

/

пред 1085 дена

Сподели преку :

Израелската армија најави дека ќе обезбеди безбеден премин на жителите на појасот Газа од 10 до 16 часот по локално време по главните патишта јужно од палестинската енклава.

Израелските одбранбени сили (ИДФ) го продолжија рокот за евакуација на болницата во северниот дел на Газа до шест часот по локално време во саботата, откако Тел Авив апелираше до цивилите да се евакуираат на југ до 21 часот во петокот вечерта, пред можна копнена офанзива во операција за елиминирање на Хамас.

Вечерта на 13 октомври, израелските сили влегоа во појасот Газа во потрага по заложници кои ги држеше Хамас. Претходно се појавија информации дека израелската војска ги пронашла телата на киднапираните Израелци, но овие информации беа демантирани од страна на Израелската војска.

Во четвртокот на полноќ Израел нареди 1,1 милион луѓе да го напуштат северниот дел на Газа за 24 часа, што Обединетите нации (ОН) го оценија како невозможно и предупредија на катастрофалните последици од таквата акција. ОН ја опишуваат ситуацијата во Газа како страшна и предупредуваат дека 50.000 трудници немаат пристап до чиста вода.

Во меѓувреме, СЗО соопштија дека во Египет веќе е пристигнат нивниот авион со храна, лекови и вода за жителите на Газа, но се уште нема отворен и безбеден премин оваа очајно потребна хуманитарна помош да стигне до засегнатите. Авионот се наоѓа на 45 километри од преминот Рафа, од каде засега можат да се евакуираат само американските државјани и никој друг. Египет не го отвора се уште преминот за другите цивили.