Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Израел и Хезболах со меѓусебни закани за ескалација на границата со Либан

/

пред 1034 дена

Сподели преку :

Израел ќе го отстрани Хезболах од границата со Либан, доколку групата продолжи со нападите во северен Израел, предупреди израелскиот министер без ресор Бени Ганц откако вчера милитантната група вчера го изврши најголемиот напад од почетокот на војната во Газа. Во исто време, и шефот на израелскиот генералштаб порача дека израелската армија е подготвена за ескалирање на борбите на северната граница.

„Постои реална можност од ескалација. Ние не сакаме ескалација, но не можете да очекувате дека ќе легнеме на земја и ќе се надеваме дека нема да се случи. Се подготвуваме. Нашите сили се подготвени, на готовс, би рекол на највисокото ниво на подготвеност.“, изјави Потполковник Петер Лернер – портпарол на Израелските одбранбени сили

Но закана пристигна и од Хезболах, заменик шефот на организацијата порача дека се подготвени за ексалација. Шеикот Наим Касем рече дека Хезболах претрпува тешки загуби во престрелките со Израел, но подготвени се да направат уште повеќе ако ситуацијата го наложи тоа.

„Ако Израел претера, ние двојно повеќе ќе одговориме. Не се плашиме ниту од израелските, ниту од американските закани и заплашувања, бидејќи иднината на овој регион зависи од оваа надеж и оваа жртва.“, изјави Шеик Наим Касем – заменик лидер на Хезболах

Израелскиот премиер но и американската администрација постојано упатуваат предупредувања до Хезболах да не се осмели да го нападне Израел. Минатиот месец, Нетанајаху им порача на Хезболах дека Израел самостојно ќе ги направи Бејрут и јужен Либан како Газа и Кан Јунис.

Израел и Хезболах редовно се судираат на либанската граница, а во 2016 година Израел дури и влезе во јужен Либан по напад на Хезболах. Од почетокот на војната во Газа во овие судири на северот од Израел загинаа најмалку четворица цивили и 9 војници на израелската страна, додека од другата страна на границата бројот на жртви надминува 100, најголемиот дел од нив борци на Хезболах.

Игор Трајков