Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Израел ја згасна Ал Џазира – заплена на техничката опрема, симнување од понудата на кабелските оператори и сателити, под блок и порталот на катарскиот медиум

/

пред 900 дена

Сподели преку :

Воениот кабинет на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху одлучи да ја запре работата на катарската медиумска куќа Ал Џазира во земјата додека трае војната во Газа, со образложение дека известувањето на катарскиот медиум „претставува закана по националната безбедност на Израел“.

„Поттикнувачкиот канал Ал Џазира ќе биде згаснат во Израел“, рече Нетанјаху по јавното гласање на владината седница, пренесува „Ројтерс“.

Во соопштението на владата се истакнува дека министерството за телекомуникации на Израел наложило да се „реагира моментно“, но еден пратеник, кој го поддржа затворањето на Ал Џазира, рече дека медиумската куќа и натаму може да ја блокира одлуката на судот.

По повод предложената мерка, канцелариите на Ал Џазира во Израел ќе бидат затворени, ќе биде запленета сета техничка опрема, каналот ќе биде симнат од понудата на кабелските оператори и сателити, а блокиран ќе биде и порталот на катарскиот медиум.

Израелскиот парламент во текот на минатиот месец усвои закон со кој се овозможува затворање на странските медиумски куќи кои се сметаат за безбедносна закана за Израел.