Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Израел ќе гради 3.400 нови домови за доселениците на Западниот Брег

/

пред 961 дена

Сподели преку :

На Западниот Брег ќе никне нова израелска населба со над 3.400 домови. Ова го предвидуваат новите планови на владата на Тел Авив според кои 70 отсто од куќите ќе бидат изградени во Мале Адумим, источно од Ерусалим, а останатите во блиските Кедар и Ефрат, јужно од Витлеем, пишува Би-Би-Си.

Израел изгради околу 160 населби во кои живеат околу 700.000 Евреи откако го окупираше Западниот Брег и Источен Ерусалим во војната во 1967 година, што Палестинците го сакаат како дел од идната држава. Изградбата, наводно, е одобрена да почне во јуни и е одговор на Израел на нападите во близина на Мале Адумим пред две недели, во кои имаше и жртви.

Палестинската управа ги осуди ваквите намери. Поголемиот дел од меѓународната заедница смета дека населбите се нелегални според меѓународното право, иако Израел го оспорува тоа.