Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Израел му се закани на врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хаменеи

/

пред 488 дена

Сподели преку :

Израелскиот министер за одбрана, Израел Катц, денеска се закани со напади против „многу значајни цели“ во Техеран и упати директно предупредување за врховниот лидер на Иран, Ајатолахот Али Хаменеи.

„Ако продолжите со воени напади и лансирање проектили против цивилите во Израел, вашата судбина ќе биде иста како таа на диктаторот во соседната држава на Иран“, рече Кац, алудирајќи на поранешниот неприкосновен лидер на Ирак, Садам Хусеин, кој беше егзекутиран 2006-тата година.

Израел тврди дека нападите против воените лидери на Иран, локациите каде се врши збогатување на ураниумот и нуклеарните научници е неопходно за да се спречи исламската држава да развие нуклеарно оружје.

Во серијата напади од петокот беа убиени најмалку 224 луѓе. Иран возврати со лансирање повеќе од 370 проектили и стотици дронови кон Израел, при што досега беа убиени 24 луѓе а повеќе од 500-тини и повредени.