Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Израел најавува „значително зголемување“ на нападите врз Иран, додека Трамп размислува за „постепено намалување“ на воените операции

/

пред 200 дена

Сподели преку :

Министерот за одбрана на Израел изјави утрово дека американските и израелските напади врз Иран „значително ќе се зголемат“ оваа недела, и покрај тоа што претседателот Доналд Трамп најави дека размислува за „постепено намалување“ на воените активности.

За време на прес конференцијата, министерот Израел Катц изјави: „Оваа недела, интензитетот на нападите што ќе ги изведуваат Израелските одбранбени сили и американската војска против иранскиот терористички режим и инфраструктурата на која се потпира ќе се зголеми значително, а кампањата предводена од претседателот на САД, Доналд Трамп, и премиерот Бенјамин Нетанјаху ќе продолжи.“

Израелската војска соопшти дека има „илјадници“ преостанати цели за напади во Иран и планира уште неколку недели војна.

„Нема да запреме сè додека не се постигнат сите воени цели“, изјави Кац утрово.

Вчера, Трамп напиша на социјалните мрежи дека САД се „многу блиску“ до остварување на сите свои цели и дека ќе размисли за „постепено намалување на нашите големи воени напори на Блискиот Исток“.

Сепак, илјадници дополнителни американски маринци и морнари се упатуваат кон Блискиот Исток, додека војната со Иран влегува во својата четврта недела.