Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Израел никогаш нема да биде пријател на муслиманите, тврди иранскиот претседател

/

пред 992 дена

Сподели преку :

Иранскиот претседател Ебрахим Раиси денеска ги осуди обидите за нормализирање на односите на бројни исламски земји со, како што го нарече „ционистичкиот режим“, велејќи дека Израел никогаш не може да биде пријател на муслиманите, ниту пак би помогнал во развојот на тие земји.

На средбата со вршителот на должноста министер за надворешни работи на Судан, Али ал Садик Али, Раиси истакна дека Иран го поддржува формирањето силна влада во Судан, како и територијалниот интегритет на оваа африканска земја.

Зборувајќи за ситуацијата на Блискиот Исток, тој нагласи дека дистанцирањето на регионалните земји од „ционистичкиот режим“ е дел од основната политика на Иран.

Денес е големо прашање за исламскиот народ од некои исламски земји – како можат да продолжат да одржуваат односи со тој режим, и покрај злосторствата извршени од ционистичкиот режим? Ако тие земји се обидоа да ги прекинат односите со ционистите, денес ние немаше да бидеме сведоци на континуирани напади и бомбардирања на палестинскиот народ во Појасот Газа, рече Раиси.