Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Израел презеде три заложнички од Газа – Хамас почна да ги ослободува киднапираните

/

пред 639 дена

Сподели преку :

Израел ги презеде три Израелки кои во изминатите 15 месеци беа во заложништво на Хамас. Тоа се Дорон Штејнбрехер (31), Емили Дамари (28) и Роми Гонен (24). Тие се првите заложнички кои се враќаат во рамки на првата фаза од договорот за примирје меѓу Израел и Хамас која треба да трае 42 дена.

„Три повратнички моментно се придружувани од елитни единици на ИДФ и безбедносните сили Шин Бет на пат кон Израел, каде ќе бидат подложени на иницијална медицинска проценка“, се наведува во постот на израелските одбранбени сили на Икс.

Во првата фаза од договорот се предвидува враќање на 33 заложници од Газа и ослободување на стотина палестински затвореници од израелските затвори. Денеска е најавено ослободување на 90 Палестинци, чие примопредавање сè уште не е познато кога ќе се случи.