Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Израел со години го финансираше Хамас за да го ослабне Фатах – Борел во говор во Валјадолид

/

пред 1010 дена

Сподели преку :

Шефот за надворешна политика на Европската Унија, Жосеп Борел изјави дека Израел со години го финансирал создавањето на палестинската милитантна група Хамас, со што јавно се спротивстави на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху кој ги отфрли таквите тврдења.

Противници на израелската влада и дел од светските медиуми ги обвинија владите на Нетанјаху дека со години го засилувале Хамас, вклучувајќи и допуштање на катарско финансирање на Појасот Газа.

„Да, Хамас ја финансираа израелските влади во обид да ја ослабнат палестинската самоуправа предводена од Фатах“, рече Борел во говор на универзитетот во Валјадолид.

Борел притоа истакна дека создавање на палестинска држава е единствено решение кое води кон мир.

„Веруваме дека само решение со две држави, наметнато однадвор, ќе доведе до мир, иако Израел инсистира на спротивното“, рече шпанскиот дипломат.

Хамас владее со Појасот Газа од 2007 година по кратката војна против силите лојални на Фатах, движење на палестинскиот претседател Махмуд Абас, стационирано на Западниот брег.

Израел критикуваше низа на држави, меѓу кои и Шпанија, кои повикуваат на независност на Палестина, тврдејќи дека на тој начин покажуваат симпатии кон Хамас.