Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Израел соопшти дека уништил 18 од вкупно 24 баталјони на Хамас во Појасот Газа

/

пред 981 дена

Сподели преку :

Израелската армија ликвидирала поголем дел од воените единици на „Хамас“ за време на војната во Газа, соопшти министерот за одбрана Јоав Галант, јави ДПА.

„Имаше 24 регионални баталјони во Газа – ние разформирала 18 од нив“, рече Галант.

Според војската, секој од овие баталјони имал околу 1.000 членови.

„Премиерот Бенјамин Нетанјаху неодамна изјави дека се уште има четири баталјони на Хамас во Рафах, во близина на египетската граница. Армијата во моментов планира операции во градот во јужниот дел на крајбрежниот регион“, додаде Галант.

Медиумите објавија дека членовите на военото крило на Хамас продолжиле да се борат како герилски единици по уништувањето на нивните баталјони.