Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Политички скандал во Израел: Се бара продолжување на притворот за поранешната воена обвинителка

/

пред 345 дена

Сподели преку :

Во Израел се развива голем политички скандал по оставката и приведувањето на генерал-мајор Ифат Томeр-Јерушалми, поранешната обвинителка на израелската армија.

Таа признала дека протекла видео-снимка на која, наводно, израелски војници сексуално злоупотребуваат палестински затвореник, по што се одлучила на ваквиот чекор.

Судот вчера ѝ го продолжил притворот за уште 48 часа, под сомнение за измама, злоупотреба на службена положба и попречување на правдата.

Таа се наоѓа во женски затвор во централниот дел на Израел додека истрагата продолжува.

Полицијата започнала потрага по неа откако нејзиното возило било пронајдено напуштено крај плажа во Тел Авив, но била лоцирана набргу потоа.

Израелските медиуми јавуваат дека е уапсен и поранешниот главен воен обвинител, полковник Матан Соломеш, на кого исто така му е продолжен притворот.

Палестинецот од видеото бил ослободен и вратен во Газа во средината на октомври, пренесува „Асошиетед прес“.

Израел ја уапси поранешната воена обвинителка заради „протекување“ на видеото кое обелодени грозоморно измачување на Палестинците