Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Израелската армија уапси десетици мажи на Западниот Брег по напад во Тулкарем

/

пред 399 дена

Сподели преку :

Десетици мажи се уапсени на Западниот Брег, откако двајца израелски војници беа лесно повредени при експлозија во близина на градот Тулкарем, јавуваат локални жители.

Според жителите на окупираниот Западен Брег, израелската армија ги привела лицата на распит, а дел од нив подоцна биле ослободени. Израелската војска засега не се огласила со коментар за апсењата.

Војската претходно соопшти дека двејца војници се „лесно повредени“ откако нивното оклопно возило било погодено од експлозивна направа. По нападот, израелските трупи го блокирале градот и поставиле контролни пунктови.

Одговорноста за нападот ја презедоа Хамас и Исламски џихад.

Од почетокот на војната на 7 октомври 2023 година, кога милитанти предводени од Хамас влегоа во јужен Израел, киднапираа 251 лице и убија околу 1.200 луѓе, главно цивили, израелската офанзива во Газа резултираше со над 64.700 жртви, според Министерството за здравство во Газа. Половина од загинатите се жени и деца, но не е прецизирано колку од нив биле цивили или борци.

Се уште 48 заложници се држат во Газа, од кои околу 20 се верува дека се живи.