Израел почна напади врз позиции во Либан и во Сирија, во рамки на кампањата против спротивставените војски и оруѓени сили на Блискиот исток.
„Израелските сили нападнаа воена инфраструктура која припаѓа на војската на Сирија. Израелските борбени авиони, исто така, нападнаа терористичка инфраструктура на Хезболах во Либан“, објави израелската армија на социјалната платформа Икс.
Израелски сили се ангажирани во прекугранични борби со Хезболах и од почетокот на војната во Газа на 7 октомври реализира воени напади во Сирија, зголемувајќи ги стравувањата од прелевање на војната во поширокиот регион.
Најновите напади се знак за пораст на тензиите меѓу Израел и соседите за кои властите во Тел Авив велат дека се поврзани со Иран.
Сириската државна новинска агенција САНА објави дека израелските напади дошле од правец на Голанската Висорамнина.
Воздушните напади биле насочени на „бројни места во околината на Дамаск“ објави САНА, повикувајќи се на неименуван воен извор кој додаде дека е предизвикана само „материјална штета“.











