Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Израелски авиони извршија силно бомбардирање врз Газа

/

пред 1088 дена

Сподели преку :

Израелските авиони и во текот на ноќта продолжија со силни бомбардирања на појасот Газа, петти ден по изненадниот крвав напад на милитантите на Хамас изминатиот викенд.

Целта на Израел е да ја уништи контролата на терористичката организација.

Но покрај одмаздата кон Хамас огромни загуби во жртви трпат и жителите во областа, а сега се соочуваат и со недостаток на храна, вода и електрична енергија.

Областа целосно е без напојување откако вчера единствената електрана остана без гориво и беше затворена.

Израел во понеделникот воведе целосна опсада на Газа откако претходно и официјално им објави војна на Хамас.

Израелската војска во вторникот апелираше Палестинците од Појасот Газа да тргнат кон Египет. Меѓутоа, набрзо потоа граничниот премин Рафа беше затворен, па жителите останаа изолирани.