Израелски граничен полицаец денеска бил нападнат и избоден со нож во близина на портата Дамаск во Ерусалим.

Осомничениот за нападот веднаш бил застрелан и убиен откако претходно се обидел да побегне, соопшти израелската полиција.
Полицаецот е полесно повреден и е пренесен на лекување.

Полицијата го обезбедила теренот и започнала увид на местото на нападот.











