Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Израелскиот претседател го повтори гестот на неговиот татко и по 40 години засади маслинови дрвја во Камбера

/

пред 242 дена

Сподели преку :

Претседателот на Израел, Исак Херцог, засади две маслинови дрвја заедно со сопругата во дворот на израелската амбасада во Канбера, за време на неговата официјална посета на Австралија. Неговите родители, Хаим и Аура Херцог, исто така засадиле дрвја на истото место во 1986 година, кога неговиот татко беше претседател на Израел.

Херцог беше поканет во државна посета со цел да изрази поддршка и сочувство до австралиската еврејска заедница по антисемитскиот напад на плажата Бонди во Сиднеј во декември минатата година, во кој загинаа 15 лица. Посетата предизвика и протести во делови од земјата.

Во Сиднеј, полицијата се судри со стотици демонстранти пред Градското собрание, при што беа употребени димни бомби и уапсени 27 лица, од кои 10 се обвинети за напад врз полиција. Во Мелбурн, илјадници луѓе протестираа и го блокираа сообраќајот во центарот на градот. Посетата на Херцог завршува утре.

Т.Д.