Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Изречени 22 казни со вкупна вредност од речиси 40.000 евра, одземени над 253 кг. храна – вонредни контроли на АХВ во маркети

/

пред 259 дена

Сподели преку :

Приближно 40.000 евра е вкупната вредност на 22-те казни што ги изрекоа инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) на оператори со храна, во рамки на спроведените вонредни надзори во маркети и хипермаркети во земјава.

„Контролите утврдија полесни повреди од областа на безбедноста на храната (неселектираност на разладни уреди, нејасни и нечитки декларации на производите и слично) кај 10 оператори за што се изречени мерки опомена, а во два маркета констатирано е дека вработените лица немаат санитарни книшки. Кај шест од контролираните меркети е утврдено дека немаат имплементирано процедури за примена на правилата на Добра призводствена и Добра хигиенска пракса, а кај 14 маркети затекната била храна со изминат рок на траење“, се наведува во соопштението на АХВ.

При контролите биле одземени и 253 килограми храна (месо и преработки од месо, млечни, кондиторски и други видови производи) како незбезбедни, додава АХВ, и истите биле уништени.