Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Извештај на ММФ: Македонската економија оваа година со раст од 1,4 отсто, догодина – 3,6

/

пред 1282 дена

Сподели преку :

Македонската економија годинава ќе забележи раст од 1,4 отсто, а во наредната од 3,6 проценти, проценува Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во објавениот Преглед за светската економија во 2023 година. По двоцифрените стапки во 2022 година, инфлацијата во земјава ќе забави и ќе изнесува 9,2 отсто.

Од земјите во регинот, највисок економски раст годинава ќе забележат Косово – 3,5 и Црна Гора – 3,2 отсто. Бруто домашниот производ на Грција ќе се зголеми за 2,6 проценти, на Албанија за 2,2, на Србија и на Босна и Херцеговина за 2, на Хрватска за 1,7 и на Бугарија за 1,4 отсто.

На глобално ниво, ММФ годинава не очекува рецесија, туку раст од 2,8 отсто во однос на лани. Фондот не очекува рецесија ниту во САД, прогнозирајќи раст од 1,6 отсто. Еврозоната ќе забележи раст од 0,8 проценти, но со пад на најголемата европска економија – германската од 0,1 отсто.

Попозитивни се проекциите на ММФ за азиските економии. Кинескиот БДП оваа година ќе се зголеми за 5,2 отсто, Индија ќе забележи раст од 5,9 отсто, а над пет проценти ќе „одат“ и Виетнам, Индонезија и Филипини.

Рецесија не се предвидува ниту во Јапонија (раст од 1,3 отсто), како ни во Русија, за која ММФ лани прогнозираше пад на економската активност од 2,1 отсто, а сега најавува раст од 0,7 отсто за 2023 година.

Глобалната инфлација ќе се намали, иако побавно од првично предвиденото, од 8,7 отсто минатата година на 7 проценти оваа година и на 4,9 во 2024, се наведува во прогнозата на ММФ.