Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Ја турка Европа во Трета светска војна – Русија го нападна Макрон

/

пред 592 дена

Сподели преку :

Руски претставници го критикуваа францускиот претседател Емануел Макрон за пораката дека „Русија ѝ се заканува на Европа“ и предупредија дека таквите изјави би можеле да го приближат Западот до нова светска војна.

Во неговото обраќање до нацијата, тој рече дека „Русија е закана за Франција и за Европа“, дека војната во Украина веќе е „глобална“ и оти е отворен за расправата за проширување на францускиот нуклеарен чадор на сојузниците во Европа.

Руската инвазија на Украина од февруари во 2022 година доведе до најголем судир меѓу Москва и Западот од кубанската ракетна криза во 1962 година, а Кремљ и Белата куќа предупредија на погрешни чекори кои би можеле да предизвикаат Трета светска војна.

Напредувањето на руските сили во Украина во 2024 година, одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да направи пресврт во политиката кон Украина и Русија и неговото барање за мировен договор за крај на војната, предизвикаа криза меѓу европските сили кои стравуваат дека САД им вртат грб на Европа.