Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

52 годишен маж ја нападнал својата дваесет години помлада бремена партнерка – завршила со хематоми на главата и телото

/

пред 240 дена

Сподели преку :

Обвинителството отвори постапка против 52-годишен скопјанец осомничен за семејно насилство врз својата 32-годишна вонбрачна партнерка, која е во вториот месец од бременоста. Според обвинението, за време на расправија, тој ја удирал со тупаници и шлаканици, нанесувајќи и гребаници, отоци и хематоми на главата и телото. Жртвата почнала силно да вика и да бара помош со намера да слушнат соседите и да и помогнат, но нејзиниот дваесет години постар партнер ја фатил за вратот во обид да ја замолчи. Жената успеала да го убеди да одат на лекар, но кога застанале на семафор, избегала од возилото влегла во најблиското кафуле и повикала полиција. Против него е поведена постапка, а предложени се мерки на претпазливост, меѓу кои и забрана за приближување и контакт со оштетената.

„Јавниот обвинител достави предлог за определување мерки на претпазливост – обврска осомничениот да се јавува повремено на определено службено лице или кај надлежен државен орган, привремено одземање на патна или друга исправа за преминување на државната граница, како и забрана за приближување или воспоставување, односно одржување контакти или врски со оштетената“, соопштија од Обвинителство.

Од МВР соопштија дека во Скопје, во рок од 24 часа, имале три пријави за физички напади врз партнерки. Жртвите биле на возраст од 32 до 48 години, а осомничените се 24, 45 и 52-годишни мажи.

Тамара Марковска