Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Јахја Синвар ќе го замени ликвидираниот Исмаил Хание на чело на Хамас

/

пред 806 дена

Сподели преку :

Хамас соопшти дека Јахја Синвар, лидер на палестинската терористичка група од Појасот Газа, ќе го преземе место на политички лидер, функција што ја извршуваше Исмаил Хание, кој неодамна беше ликвидиран во Техеран.

Во соопштението на групата се потврдува „изборот на командантот Јахја Синвар за шеф на политичкото биро на Хамас“.

Израел претходно јавно го обвини Синвар дека беше „мозок“ на терористичкиот напад на Хамас на 7 октомври лани, иако стручњаците наведуваат дека тој е еден од неколкуте планери на нападот.

Како што пренесе „Си-Ен-Ен“, се верува дека тој се крие во големиот лавиринт на тунели под Газа. Синвар наводно често ја менува локацијата на престој и се движи во придружба на израелски заложници кои ги користи како жив штит.