Градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, официјално ја најави својата кандидатура за нов мандат.
„Одлуката ја донесов по долготрајни консултации со граѓаните и по внимателно следење на јавното мислење. Сите ме знаете, мојот телефон е отворен и комуницирам со секого – токму тоа е доказ дека постои силна поддршка и желба повторно да ја водам општината,“ истакна Јакимовски.
Тој подвлече дека довербата од граѓаните не се должи на симпатии, туку на конкретни резултати.
„Карпош е десет до петнаесет години пред било која општина во Македонија. Имаме модерна инфраструктура, реновирани училишта и градинки, подобрени услови за образование и спорт, како и подготвена администрација која стои зад секој реализиран проект,“ додаде
Јакимовски.











