Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Јаков и Аја првите новороденчиња во Скопје во 2025 година

/

пред 653 дена

Сподели преку :

Јаков е првото бебе родено на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство во Скопје, само секунда во влезот во 2025. Бебето е тешко 3.190 грама и долго 50 сантиметри и тој и мајката Сања Талевска Догазански се во добра здравствена состојба. Мајката на бебето била хоспитилизрана на ГАК во 39-та гестациска седмица поради покачен крвен притисок.

„Терминот беше за јануари подоцна да биде, но нѐ изненади малку порано, непланирано но убав подарок за Нова година. Ова ми е прво дете. Породувањето помина одлично, тимот беше одличен и супер поминав и јас и сега сум одлично“, изјави Сања Талевска Доказански.

„Нашите доктори кои вчера имале навистина многу работа постапија по протоколите и на свет го донесоа Јаков кој што и по името навестува, една убава, јака година и се надевам за сите ќе биде плодна и бериќетна. Им посакувам на мајката Сања и нејзиниот Јаков да имаат среќни, успешни мигови кои ќе им бидат секогаш за паметење“, изјави проф. д-р Ирена Алексиоска Папестиев, директорка на Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство – Скопје

За неколку секунди во истата минута во новата година се роди и Аја во Гинекологија Чаир која тежи  3.110 грама со 50 сантиметри. Мајката и Аја се во добра здравствена состојба.

„Без разлика каде е родено првото дете, важно е што повеќе деца да се раѓаат, тоа е најважно. Ние имавме вибер група во која што добивавме информации од двете клиники во Скопје. За наша среќа во иста минута добивме информација за породено дете и на ГАК и во Чаир. Да се множат вакви вести, што повеќе новородени деца во секоја минута“, изјави Арбен Таравари, министер за здравство.

„Ние традиционално како Министерство за социјална политика, демографија и млади присутни сме да гододелиме златникот на првороденото детенце. И секако тука сме за да се грижиме за најмладите кои откако ќе го поминат овој процес тука ќе бидат во градинките“, рече Ѓоко Велковски, заменик-министер за труд и социјална политика.

Во повеќе градови низ Македонија новата година беше дочекана работно за тимовите на Гинекологија.

Новата година да биде бериќетна, детскиот џагор и насмевки да го исполнат секој дом, семејствата да се собираат секогаш за убави поводи, вели доктор Чипуровска.

Нина Стефанова