Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Јамајка ја призна Палестина

/

пред 911 дена

Сподели преку :

Владата на Јамајка објави дека донела одлука да ја признае Палестина поради загриженоста за конфликтот во Појасот Газа .

„Оваа одлука е во согласност со силната посветеност на Јамајка кон принципите на Повелбата на Обединетите нации, кои се обидуваат да поттикнат меѓусебно почитување и мирен соживот меѓу државите, како и признавање на правото на луѓето на самоопределување“, се вели во соопштението на Министерството за надворешни работи на Јамајка.

До сега, покрај Јамајка, независноста на Палестина ја признаа 140 држави членки на ОН .

Министерката за надворешни работи на Јамајка, Камина Џонсон Смит изјави дека Јамајка сака мирно решавање на конфликтот меѓу Израел и Палестина, преку дипломатски дијалог, а не со воени дејствија.