Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Јанаки Митровски: Случајот со Кочани е нова варијанта на „Змиско око“ имаме предмет со 40 обвинети, ова ќе биде маратонско судење

/

пред 395 дена

Сподели преку :

Во Топ Тема и анализа: сите сценарија за оцена на обвинението за трагедијата во Кочани. Гостин – адвокатот Јанаки Митровски.

Тој смета дека поради обемноста на самиот предмет, бидејќи речиси сите правници коментираа дека се оди прешироко со истрагата и премногу наназад, тоа обвинение како и сите други обвиненија ќе се прифати во целост.

-„Под притисок на јавноста во комбинација со политички притисок се избрза со истрагата, точно, истрагата се заврши за три месеци, дополнителен притисок беше и притворот кој не може да трае подолго од четири месеци за ова дело без да се поднесе обвинение“, истакна Митровски.

Според него добиваме нова варијанта на „Змиско око“ имаме предмет со 40 обвинети, ова ќе биде маратонско судење. А локалната власт мора да одговара иако последни беа опфатени со истрагата.

Во однос на двојното убиство и самоубиство во Велес го истакна следното: Го познавам сторителот имал историјат на малтретирање девојки. Каде е проблемот? Прво, фактот дека за кривичните дела кои му се ставија на товар, обвинителството не може да бара притвор, затоа се потребни законски измени. Втор голем проблем кој што се занемарува е огромниот дефицит на судии и јавни обвинители, ова е состојба која трае 10 години наназад. Трето, надзорот и одговорноста, до сега ниедно институција не била казнета која нејзиното делување затаило. Девојката многукратно барала заштита, а добила одговор немаме кадар да делуваме.