Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Јанев: Следењето на парите е најсилно оружје против криминалот

/

пред 115 дена

Сподели преку :

Директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, на отворањето на регионалниот семинар во Скопје посветен на истрагите за перење пари и управувањето со нелегално стекнат имот, истакна дека следењето на финансиските текови и одземањето на криминално стекнатиот имот се клучни алатки во борбата против организираниот криминал.

На настанот, организиран со поддршка на Франција, учествуваат претставници на полициски, обвинителски и судски институции од регионот.

Целта е размена на искуства и добри практики за поефикасно откривање, истражување и процесуирање на кривични дела поврзани со перење пари.

Јанев нагласи дека организираниот криминал бара заеднички и координиран одговор, при што регионалната соработка, довербата и размената на информации се од суштинско значење.

Според него, ваквите иницијативи придонесуваат за зајакнување на институционалните капацитети и создавање поотпорен систем против транснационалните криминални закани.