Министерката за образование и наука Весна Јаневска порача до директорите сериозно да ја сфатат својата работа кога се во прашање учебниците.
„Оваа година прогледав низ прсти, но следната година нема да прогледуваме затоа што има систем“, изјави Јаневска, одговарајќи на новинарски прашања во врска со недостигонот на учебници во некои училишта.
Таа истакна дека директорите треба да го почитуваат упатството и правилникот за нарачување учебници во МОН.











