Математика за четврто одделение и историја за осмо одделение се двата учебници кај кои има најголем недостаток со што не се исполни најавата дека за секој ученик ќе има учебници. Се делат и оштетени учебници а од МОН вината ја лоцираат кај училиштата кои треба да ги пријавуваат таквите учебници за да бидат заменети но и да наплаќаат штета. Во МОН денес беше промовиран „водич за вештачка интелигенција“ наменет за наставници, стручни соработници и ученици кој треба да им помогне во учењето и користењето на алатките.
Има недостаток од учебници и има оштетени учебници, секаде каде што има потреба наставниот кадар ќе има дополнителна обука за користење на „е-дневник“ а на учениците, стручните соработници и наставниците ќе им биде достапен „водич за вештачка интелигенција“ како алатка за поефикасно совладување на материите и вештините.
Недостасуваат примероци од учебникот по математика за четврто одделение и учебникот по историја за осмо одделение историја потврдија до МОН. Оттаму велат дека во наредните две недели ќе се донесе новата наставна програма за 8 одделение а учебникот по историја бил повлечен во учебната 2020 година на барање на историската комисија.
Кога станува збор за оштетените учебници од МОН прстот го посочија кај училишните Комисии за прием на учебници и нагласија дека учебниците се менуваат на пет години.Од МОН се децидни дека „електронски дневник“ е функционален, откако родители се пожалија дека тој е вон употреба. Отсега наставниците и директорите нема да може да интервенираат односно нема да има „пиши бриши“ во електронскиот дневник. За наставниците е обезбедена дополнителна обука за користење а проблемот се лоцира кај училишните администратори.
Од МОН денес го презентираа „Водичот за вештачка интелигенција“ наменет за наставници, стручни соработници и ученици во кој ќе бидат објаснети видовите вештачка интелигенција и примената на најпознатите алатки за креирање и уредување текст, за слики и мултимедија, за истражување и за учење. Сашо Коцевски, декан на Факултет за информатика – „Универзитет Гоце делчев“
Од МОН велат дека останува на наставниците и родителите да ги насочат учениците да ја употребуваат а не злоупотребуваат вештачката интелигенција особено во процесот на учење.
Огнен Чанчаревиќ











