Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Јаневска: Приватен институт работел во задниот дел на кладилница со два душека

/

пред 186 дена

Сподели преку :

Министерството за образование и наука во изминатиот период затвори 14 приватни институти кои не ги исполнувале законските услови за работа. Министерството утврдило дека некои од овие институции служеле како параван за други дејности, соопшти министерката Весна Јаневска.

Јаневска го посочи примерот на еден институт кој функционирал во задниот дел на кладилница, со само двајца вработени, две столчиња и два душека, што довело до негово итно затворање.

„Ние водиме 34 високообразовни установи во земјата што е апсолутно недозволиво, затоа што под називот приватен институт дефакто се обавуваат други функции“, истакна Јаневска. Таа најави дека министерството ќе продолжи со контроли и санкции каде што се утврдуваат прекршувања на законот и несоодветни услови за работа.