Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Јас сум горд Ванчомихајловист, рече Љупчо Георгиевски по денешното рочиште во битолскиот суд

/

пред 632 дена

Сподели преку :

Јас сум горд Ванчомихајловист рече по денешното рочиште во битолскиот суд, рече Љупчо Георгиевски, поранешен претседател на згаснатиот бугарски клуб „Ванчо Михајлов“ во Битола, кој беше избришан од Централен регистар поради фашистичката идеологија на оваа историска личност.

На Георгиевски му се суди за предизвикување омраза, раздор и нетрпеливост врз национална основа и ширење расизам и ксенофобија преку компјутерски систем. Обвинителката Оливера Нечаковска во судница го праша дали во просториите на клубот имаше табла со цитат на Ванчо Михајлов „Залудни се обидите на маскираната македонска нација да го лаже светот“, на што бранителот на Георгиевски, адвокатот Насер Рауфи, рече дека неговиот клиент се гордее со овој цитат.

„Со  оглед на тоа што овој цитат е дел од обвинението, сакам да го прашам каква научна и културна дебата сака да постигне со означување на македонскиот народ како маскирана нација?“, праша Оливера Нечаковска, обвинител ОЈО Битола.

Георгиевски, по судењето, на прашањето дали се гордее со цитат кој ја негира македонската нација рече дека тоа се зборови на Ванчо Михајлов

„Цитатот е на Ванчо Михајлов не е мој цитат и треба да предизвика научна и академска дебата. Се чувствувам горд ванчомихајловист“, рече обвинетиот Љупчо Георгиевски.

Судењето во Основниот суд во Битола денеска почна од почеток, затоа што поминаа 90 дена од последното одржано рочиште. Ѓеоргиевски кажа дека не се чувствува виновен, ниту ксенофобичен. Кажа дека до почетокот на судењето не знаел дека просториите на клубот на улицата „Рузвелтова“ биле во поранешното Еврејското маало во Битола, ниту пак знаел дека на денот на отворањето на ова здружение 16 април е големиот Еврејски празник Песах.

Следното рочиште е закажано за 27 март, кога како сведок, одбраната ќе го повика поранешниот премиер Љубчо Георгиевски, со цел пред судот да каже за ликот и улогата на Ванчо Михајлов.

Eмилија Мисирлиевски