Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

„Јавна соба-резерва“ под лупата на компјутерски криминал и форензика, но Телеграм одбива соработка

/

пред 1636 дена

Сподели преку :

Поднесена е пријава до МВР за повторно активирање на уште една група на Телеграм со име „Јавна соба-резерва“. Секторот за компјутерски криминал и форензика презема мерки и активности за сузбивање нагрупата но  наидуваат на проблеми поради несоработката на Телеграм со полицијата.

Ова е трета по ред група на Телеграм во која се објавуваат фотографии, фото монтажи, податоци од социјални мрежи и телефонски броеви на девојки од Македонија.

Девојка која контактираше со Телма тврди дека и биле објавени податоци од профилот на ФБ со туѓи фотографии со порнографска содржина. Добивала непристојни пораки и била малтретирана по интернет по што го затворила профилот на социјалната мрежа.

Групата има над 1300 членови, а податоците за оштетената скопјанка ги ставил профил со лажно име Артун Шелби.

Ова е третпат во кој група мажи да отворат група на Телеграм под име Јавна соба на која се споделуваат податоци за девојки после што биле малтретирани и сексуално вознемиривани.Во првиот случај изречени  се  по четиригодишни затворски казни за креаторите на групата   Дарко Костовски и Михаил Паневски. И покрај законските промени и судските постапки, овие групи повторно се појавуваат  во јавноста.

Јулијана Пешевска