Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Јавноста уште го чека идентитетот на административците кои ги минирале преговорите со Бугарија

/

пред 1630 дена

Сподели преку :

Кои се државните службеници кои се обидувале да го минираат процесот со Бугарија и со тоа и евроинтеграцикските процеси на државата.

Во кои институции работат, дали имаат пристап до доверливи информации и дали се суспендирани од работното место се прашањта кои остануваат отворени две недели откако шефот на дипломатијата Бујар Османи ја соопшти информацијата на брифинг со новинарите.

На прашањата на Телма од МНР одговорија дека ќе испратат одговор во моментот кога ќе имаат што да одговорат, Обвинителството пак не одговори дали Османи ги доставил информациите кај нив и дали е отвроена предистрага и побара да им доставиме бројот од пријавата, додека од Влада не препратија во МНР.

А Османи, на почетокот на месецот, откри дека и во Македонија и во Бугарија има елементи и структури кои се обидуваат да го држат отворен спорот со Бугарија и ќе бидат уште поактивни како што ќе се наближува решението во преговорите.

Премиерот Ковачевски кажа дека ја добил информацијата заедно со министерот Османи и дека е проследена е до безбедносните служби и превземени се конкретни мерки и чекори.

Кои се тие чекори и мерки биле класифицирани информации и затоа не даде одговор.

Огнен Чанчаревиќ