Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Oбвинителство ја брани одлуката за куќен притвор на Груби

/

пред 225 дена

Сподели преку :

Јавното обвинителство ја брани одлуката да му се одреди куќен притвор на поранешниот вицепремиер Артан Груби нагласувајќи дека при определувањето мерки за обезбедување, како куќниот притвор за еден од осомничените во предметот „Државна лотарија“, се води исклучиво од законските основи.

Според Законот за кривична постапка, куќниот притвор, особено со 24-часовен надзор, се смета за притворска мерка, и не се издржува во затвор поради специфични услови за лична безбедност на осомничениот, се вели во нивното денешно соопштение.

Додаваат дека причината за оваа одлука е постоење сериозни информации од МВР и АНБ дека во притворското одделение не може да се гарантира безбедноста на осомничениот.

Деталите беа презентирани пред судијата на претходна постапка, а јавноста е известена дека мерката е законски оправдана и донесена со цел заштита на учесникот во постапката.

Јавното обвинителство истакнува дека кривичниот прогон против осомничениот за проневера во службата продолжува, а финансиската истрага веќе обезбедила најголем дел од потребните докази. Надлежните обвинители апелираат до јавноста да се воздржи од коментари за донесените одлуки, со цел да се овозможи ефикасна и правична постапка.