Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Јованов со мобилен – Управата за санкции го стави во самица, истражува како дошол до уредот, Пандов најави казни

/

пред 621 дена

Сподели преку :

Осомничениот за предизвикување сообраќајка Васил Јованов продолжува да ја бранува јавноста, и тоа од зад решетки. Откако порталот „Буревесник“ објави фотографии од притворското одделение во истражниот затвор Шутка со мобилен во раце, службите се на нозе.

Извор: Буревесник

Од првичната истрага на управата за санкции е дека на Јованов му бил одземен мобилниот при приемот во истражниoт затвор, но дополнително се испитува како тој дошол до уредот следниот ден.

„Точна е информацијата. Извршени се претреси во истражниот затвор Скопје и пронајдени се повеќе мобилни телефони и кај други притвореници. Лицето Васил Иванов е се уште во приемното одделение според процедурата. Останува таму, мобилниот му е одземен, веднаш е покрената истрага за да се утврди кои од вработените дозволиле Иванов и други притвореници да добијат мобилни телефони. Ќе следи најстрога санкција за сите инволвирани затворски службеници“, најави директорот на управата Александар Пандов, за телма Телевизија.

Извршен е претрес во сите ќелии и осомничениот Јованов е преместен во самица. Истрагата е во тек, потврди за Телма директорот на истражниот затвор Бобан Утковски.

Истрага побара и семесјтвото на починатата Фросина Кулакова на социјалните мрежи од министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, а одговори од него очекуваат и од опозициската СДСМ.

Извор: Статус на сестра на Фросина на социјална мрежа „Фејсбук“

Оттаму, пишуваат „Ова е скандал кој го зголемува сомнежот дека виновникот е заштитено лице на власта. Кој го штити младиот убиец во врвот на власта? Срамно и недозволиво осомничен за ваков грозоморен чин слободно да користи мобилен телефон уште од првиот ден“, се вели во соопштението на СДСМ.

Извор на фотографија: „Буревесник“