Бројот на потписи пред измените на Изборниот законик, потребни за воопшто да може независна листа, независни граѓани, граѓански иницијативи да излезе на локални избори, беше 1.000, сега се бараат 4.500 потписи. Тоа е апсурдно огромен број и еднаков, скоро еднаков со бројот на гласови потребни за едно советничко место, коментира Горјан Јовановски, советник во Град Скопје, во вечерашната дебата во „Топ тема“ на Телма ТВ.
„Со оваа промена, ние всушност направивме јавно гласање за еден советник, бидејќи соиме и презиме сите се потпишуваат, за да видиме кој ја поддржал таа иницијатива“, вели Јовановски.











